Најмалку тројца криминалци со лажните македонските пасоши поминале и на скопскиот аеродром и Деве баир

На крајот на јануари 2020 година го добил пасошот на име Ѓерѓи Каце, а педесет дена подоцна преку Деве Баир излегол од државата со истиот тој оригинален македонски пасош, но со украдени лични податоци од македонски државјанин од Пустец, па во мај учествувал во атентат на српско-црногорски криминалец од ривалскиот клан во Украина. Ова патешествие на Црногорецот Стефан Ѓукиќ заврши со апсење уште пред 11 месеци, а истрагата „Двојник“ ја тера втората седмица под двојно име, покрај регуларното опозицијата го нарекува случајот„ Мафија“, пренесува Телма.

На македонско-бугарскиот премин, според документ во кој имаше увид Телма, стои дека Каце, алиас Ѓукиќ на 10-ти март 2020-та поминал преку Деве Баир со Албанец од Македонија, возач од Албанија ама со бугарски пасош и бугарска кола и со уште сопатничка од Албанија.

Меѓународното друштво ја минало границата и оставило трага во системот. Според информации на Телма уште двајца со меѓународни потерници ама и со новонабавен македонски идентитет поминувале низ македонските гранични премини.

Јован Вукотиќ и јорданскиот бразилец Иса на трипати ја минале пасошката контрола на скопскиот аеродром со нови пасоши. И по двајцат аимало распишано меѓународна потерница кога ги минувале границите.

Голем дел од македонските пасоши, 215 на број, а издадени во нелегална процедура воопѓшто не биле активирани и не биле земени од носителите во пасошкото одделение. Така се воделе официјално, но потоа е утврдено дека пасошите се земени од некој од учесниците во криминалната зделка.

Други пасоши пак се појавуваат како активирани и корситени односно употребени и на македонски гранични премини. Истрагата засега не дева други детали повикувајќи се на тековни активности. 9-мина вработени во управните служби се обезбедени и со кривични пријави, а еден осомничен кој важи за посредник е во бегство и тој доби меѓуанорнда потерница како и неговите клиенти на кои им обезбедувал чисти и невини македонски пасоши.

 Освен една контролорка и шалтерски службеници нема никој друг осомничен во истрагата, ниту во повисоката хиерархија во МВР, ниту на повисоки позиции во полициските служби ниту пак од сродните институции кои издаваат документи на граѓани.