Документарецот на „Нетфликс“ за Џефри Епштајн, еден од најконтроверзните милијардери пронајден мртов во затворската ќелија во Менхетен на 10 август минатата година, откри нови детали за неговиот живот.
Имено, 70-годишниот Стив Скали, кој се појавува во документарецот и кој работел многу години на островот на Епштајн „Little Saint James“, кој во медиумите го доби неславниот прекар „Остров на оргиите“, изјавил дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон исто така минувал време на тој остров.
Клинтон претходно призна дека патувал во приватниот авион на Епштајн наречен „Лолита експрес“, кој милијардерот наводно го користел за нелегални сексуални активности со малолетни лица, но на „Островот на оргиите“,Клинтон признал дека не никогаш не бил.
Скали изјавил дека видел други познати личности кои доаѓаат и одат од островот, но за време на посетата на Клинтон немало никој на островот.
Во документарецот е прикажан и Дејвид Шоен, адвокат на Епштајн, кој се обидел да го извади од затвор каде што завршил поради сексуална трговија со малолетни лица.
Според „Дејли Мејл“, Шоен изјавил дека тој и неговиот тим подготвувале цврста одбрана во случајот на Епштајн и дека се сретнал со него девет дена пред Епштајн да биде пронајден мртов.
Тој рекол дека Епштајн бил полн со енергија за време на разговорот и со нетрпение го очекувал потенцијално ослободување од затвор.
За време на тој петчасовен состанок, Шоен и Епштајн смислиле стратегија за одбраната пред судот и дека Епштајн бил силно посветен на победа на случајот.
Шоен тврди дека Епштајн не извршил самоубиство. Кога слушнал дека милијардерот е мртов, тој веднаш го ангажирал Др. Мајкл Баден, еден од најпознатите форензички патолози во светот.
Д-р Баден открил дека Епштајн имал две скршеници на левата и десната страна на гркланот. За „Мајами Хералд“ тој соопштил дека реткост е да се скрши една коска при бесење, а камоли неколку коски.
„Аутопсијата не може да утврди дека станува збор за самоубиство“, изјавил д-р. Баден.
„Лично, мислам дека станува збор за убиство, но не знам кој го убил Епштајн“, рекол Шоен во документарецот.