На протестите во Луисвил тројца застрелани, во Портланд еден прободен

Најмалку три лица се застрелани од огнено оружје во саботата во текот на протестите во Луисвил во американската сојузна држава Кентаки, а еден маж претходно е избоден на протестот во Портланд, во Орегон.

Во Луисвил, како што пренесува локалниот весник Courier Journal, во саботата се одржува протест на кој се барала правда за смртта на 26-годишната афроамериканка Бреона Тејлор предизвикана од полициски службеници. Пукањето се сличило во градскиот парк по 13 часот по локално време, односно 19 часот по македонско време.

Според градската полиција, жртвите и учесниците на протестот биле членови на радикална вооружена групација. Настраданите биле хоспитализирани, но други информации засега не се даваат.

Телевизијата CNN, повикувајќи се на локалната полиција, известува за инцидент на протестите во Портланд ноќта кон саботата кога бил прободен маж. Жртвата е хоспитализирана, а полицијата го уапсила осомниечниот напаѓач. И за овој случај сѐ уште не се јасни мотивите.

Ноќта во петокот, полицијата во Портланд морала да примени специјални средства за растереување на демонстрантите пред зградата на федералниот суд. Според CNN, полицијата обилно користела солзавец.

Претходно седмицава во Портланд со одлука на администрацијата во Вашингтон беа испратени припадници на федералините агенции за спроведување на законот, кои учествуваа во приведување на лица кои предизвикуваат безредија на протестите. Поради тоа, демонстрантите во петокот пред зградата на федералниот суд протестираа против одлуката на претседателот Доналд Трамп.

Од крајот на мај американските градови се зафатени од бран протести против полициската бруталност и расизмот поттиканти од убиството на афоамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, кои беа проследени со насилства и масовни безредија, грабежи и судири со полицијата. Истовремено се активираше движењето Black Lives Matter во заштите на животите и правата на црното населени, чии протести беа проследени со поддршка на неолиберални и ултралевичарски активисти што доведе и до уравање на бројни историски споменици и обележја во САД кои се поврзуваат со колонијализмот и робовладетелството.