![11453c35331475d62746f5601a08cba3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/11453c35331475d62746f5601a08cba3.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
Повеќе од 1.300 лица во Велика Британија се погрешно известени дека се заразени со коронавирусот по лабораториска грешка во владиниот систем „NHS Test and Trace“, потврдиле во саботата за Reuters од министерството за здравство и социјална нега.
„Од NHS Test and Trace контактираа 1.311 лица на коишто погрешно им е кажано дека резултатите од тествоите на Covid-19, спроведени меѓу 19-ти и 23-ти ноември, се позитивни. Овие резултати не се веродостојни“, појаснил портпаролот на министерствот во електронска порака.
„Преземени се брзи мерки за да се известат лицата, а од нив се бараше да изведат уште еден тест и да останат во самоизолација доколку имаат симптоми“, се додава во писмената изјава на портпаролот.
Лабораториската грешка којашто го предизвикала проблемот бил „изолиран инцидент“ и тој се истражува, се додава во објавата.
Системот на Националната здравствена служба (NHS) на Обединетотo Кралство за тестирање и следење на коронавирусните инфекции, ќестоко е критикуван по низата значителни неуспеси од неговото започнување претходно годината, а властите признаваат дека тој не е спроведен онака како што се надевале.
Во септември, на пример, на неколку дена од системот за загубија податоците за речиси 16.000 позитивни случаи, што предизвика доцнење во следењето на контактите. Владата за тоа го обвини „наследениот“ систем на дототеки, кој ја прекинува евиденцијата по околу 65.000 редови со податоци.
Анализите и консултациите со лица кои ги следат контактите на агенцијата Reuters покажале дека постојат проблеми со системот. Според процените на агенцијата Велика Британија до петокот имаше околу 1,6 милиони случаи на коронавирусот и над 57.500 смтни исходи.