Над 3 отсто водство на ВМРО-ДПМНЕ, во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, во анкетата на институтот БИПС

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај македонските граѓани. Над 3% водство на ВМРО-ДПМНЕ, во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на институт БИПС.

Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 – 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 24,5%, а СДСМ од 21,4%.

Во пет од шест изборни единици, според најновата анкета, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пред носителот на листа на СДСМ.