Над 30 жртви во пожар на брод крај брегот на Калифорнија

Најмалку 34 лица загиначе во понеделникот во пожар кој избувнал на брод кој пловел во близина на брегот на американската сојузна држава Калифорнија, пренмесува телевизискиот канал KTLA повикувајќи се на противпожарната служба на округот Вентура.

Цитирајќи претставник на американската Крајбрежна стража, KTLA наведува дека несреќата се случила на островот Санта Круз, западно од Лос Анџелес. Според телевизијата CNN, ицидентот се случил на комерцијален брод со должина од 25 метри, наводно користен од нукрачи.

Од Крајбрежната стража, исто така, навеле дека неколку спасувачки тима биле упатени кон местото на несреќата. Тие успеале да спасат неколку членови на екипажот, а евакуацијата е во тек, беше објавено околу 6 часот утрото по локално време на Twitter, речиси еден час по првата инфорамција за пожарот на бродот чиешто име не е наведено.