Група од десетици мигранти се пронајдени во приватна куќа во селото Ваксинце, соопштија од полицијата. Дел од нив се од Авганистан, а другите од Пакистан.
Како што се наведува во извештајот:
На 14.06.2020 во с.Ваксинце, кумановско, од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Т.Ќ.(59), при што биле пронајдени 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни.