Најмалку 403.449 лица до денеска починаа во светот од пандемијата од коронавирус, додека над 7.030.330 лица се заразени, додека најмалку 3.063.500 се опоравија од болеста, се најновите податоци кои ги собра агенцијата Франс прес.
Бројот на заразени не ја претставува вистинската слика за пандемијата бидејќи некои земји ги тестираат само потешко заболените, некои користат тестирање за следење на вирусот, додека голем број сиромашни држави имаат ограничени капацитети за скрининг.
САД се најпогодената земја од пандемијата со 110.514 жртви и 1.942.363 заразени, додека има и најмалку, 506.367 лица опоравени од болеста.
По САД, најпогодени земји се Велика Британија со 40.542 жртви и 286.194 заразени, Бразил со 36.455 жртви и 671.758 заразени, Италија со 33.899 жртви и 234.998 заразени и Франција со 29.155 жртви и 190.974 заразени.
Кина, без териториите на Хонгконг и Макао, каде епидемијата изби кон крајот на декември 2019 година, има 83.040 заразени, вклучувајќи и четири нови случаи, 4.634 жртви и 78.341 опоравени.
Во Европа има 183.717 жртви од коронавирусот и 2.286.470 заразени, САД и Канада имаат 118.373 жртви и 2.038.062 заразени, Латинска Америка и Кариби 65.861 жртва и 1.329.461 заразен, Азија има 19.624 жртви и 697.016 заразени, на Блискиот Исток има 10.562 жртви и 480.302 заразени, Африка има 5.182 жртви и 190.379 заразени, додека Океанија 131 жртва и 8.645 заразени.
Франс прес дошол до овие податоци од националните здравствени власти и Светската здравствена организација.