Над два милиони екстази се запленети минатата недела од страна на военопоморските сили на Мјанмар.
Екстазите биле откриени во рибарски брод во крајбрежните води, во близина на границата со Тајланд.
Се смета дека ова е најголемиот фатен товар со стимулитивни таблети во историјата на земјата.
Уапсени се сите 15 лица, кои се наоѓале на бродот, и подоцна биле однесени на распит.
Според извештај на ОН, по завршувањето на полувековната управа на воениот режим Мјанмар стана најголемиот производител на синтетички наркотици во југоисточна Азија. Огромен дел од наркотиците се испраќаат во соседните земји од регионот.