Најдовски се повреди, го пропушта дуелот со С. Ирска

Леон Најдоски се повреди, го пропушта дуелот со С. Ирска

Најдовски ја повреди задната ложа, а селекторот Милевски нема да вклучи нов играч на местото на стоперот. Пред заминувањето на Островот, репрезентативците на Македонија ќе одработат уште два тренинга.

Натпреварот меѓу репрезентациите на С. Ирска и Македонија кој е во рамки на квалификациите за пласман на ЕП за фудбалери до 21 година се игра на 13-ти октомври во Лурган.