Овогодинешното доделување на Оскарите ќе остане запаметено по „селфи“-то на откачената водителка Елен Деџенерис и познатите актери, но и по падот на Џенифер Лоренс на црвениот тепих, повторно.
И додека обожавателите го оценија падот на Лоренс ккао лош обид за внимание, оскаровското „селфи“ го оценија како една од најлудите и најоткачените фотографии. Доказ за тоа е што ги сруши рекордите на Твитер споделување.
„Селфи“-то е инспирација за фановите и крeaтивците, па многумина направија свое, а други само си играа со „Фотошоп“.
Погледнете ги урнебесните резултати.