Најлошото допрва доаѓа, горештините во Европа предизвикуваат пожари и здрвствени проблеми

Шумските пожари ја пустошеа во четвртокот Каталонија, а француските власти ги заострија ограничувањата за користење на водата и возењето во градвоите поради топлотниот удар кој ја зафати западна Европа.

Температурите во делови од северна Шпанија и јужна Франција достигнаа 44 Целзиусови степени, поради што многумина освежувањето го побараа во морето, реките, езерата, фонтаните и базените.

Шпанските пожарникари се борт со шумските ппожари во Каталонија, кои зафатија речиси 4.000 хектари. Предупредуваат дека стихијата може да проголта пет пати поголема површина поради високата температура и ветерот.

Засега, за среќа, нема вести за жртви, а евакуирани се 30 луѓе кои биле непосредно загрозени. Станува збор за најопасните пожари во Каталонија во последните две децении, објави регионалната влада.

Во соседната Франција властите ги проширија ограничувањата за движење на возилата, кои беа веќе воведени во Париз и Лион, и на Марсек и Стразбур, за да се намали загадувањето на воздухот.

Одредени училишта ги одложија летните испити, а во делови од северна Франција прогласено е предупредување поради сушата и воведени се ограничување во снабдувањето со вода за компаниите, земјоделците и населението. Забранет е и транспортот на животните, додека не мине топлотниот бран.

На плажите на југот од Франција оваа седмица починале три лица, пренесува порталот Midi Libre. Здравствените власти предупредуваат дека најлошото допрва го очекуваат.

Горештината во четвртокот, сепак, попушти на северот на Германија. Во Берлина се измерени само 21 Целзиусов степен, додека во средата беа измерени 37 степени.