Најмалку дваесет и две лица загинаа по налетот на најновиот тајфун кој го погоди северниот дел на Филипините.
Поројниот дожд денес ги продлабочи последиците од поплавите во земјоделските и планинските области.
Во поплавите, лизгањето на земјиштето и во чамците на море загинале 22 лица, соопштија филипинските власти.
Повеќе од 200 села во земјоделските области се поплавени, а во некои области има повеќе од еден метар вода.
Тропската бура Копу ослабна и се пресели во област на Јужното Кинеско Море, но силниот дожд значително ја влошува ситуацијата во северниот дел на Филипините, каде десетици илјади луѓе се раселени.
Копу е вториот тајфун, кој ги погоди Филипините оваа година и кој загрози речиси 300 илјади лица на главниот остров Лузон, соопшти владината Агенција за управување на природни непогоди.