Најмалку 30 жртви во самоубиствен бомбашки напад во Ирак

Повеќе од 30 лица го загубија животот, а 50 се повредени при денешниот самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Ханакин.

Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себе меѓу група луѓе кои гледале видео-снимка од претседателот на Ирак, Џалал Талабани.

Ханакин се наоѓа во автономната област Ирачки Курдистан.