Боливиското државно обвинителство издаде во средата налог за апсење за поранешниот претседател Ево Моралес, кој е во егзил во аргентина, во рамките на истрагата поради бунт и тероризам, соопштија функционери во Ла Паз.
Со налогот на полицијата и другите безбедносни служби им се овозможува „да го уапсат и доведат Јуан Ево Моралес Аима во седиштетот на државното обвинителство“, објави на Twitter министерот за внатрешни работи, Артуро Муриљо.
Ево Моралес во вторникот во аргентинската престолнина Буенос Аирес изјави оти е убеден дека неговата партија Движење за социјализам (MAS) ќе победи на следните избори во Болив9ија, иако самиот тој не е кандидат.
„Убеден сум дека ќе победиме на изборите. Нема да бидам кандидат, но имам право да се занимавам со политика“, изјави Моралес на прес-конференција во Буенос Аирес каде пристигна на 12-ти декември, откако еден месец мина во Мексико и беше во посета на Куба.
По изнудената оставка на Моралес и негово заминување во егзил, боливискиот парламент кој го преземаа политичките сили кои ги поддржуваат САД кој крајот на ноември донесе закон за претседателски и парламентарни избори на кои поранешниот левичарски долгогодишен претседател не може да се кандидира. Поради калкулациите на привремените власти во Ла Паз, датумот на изборите сѐ уште не е одреден.
Моралес во интервју од вторникот повика на испраќање меѓународна мисија во Боливија, којашто би го гарантирало одржувањето на слободните и транспаретните избори. Исто така, рече дека тој и неговите поборници се жртви на политички прогон „Боливија сега е под диктатура“, тврди нејзиниот доскорешен челник.
Ево Моралес, кому воениот врв му порача да поднесе остаква на претседателската должноста на 10-ти ноември по дваесетдневните протести против изборите на кои тој победи уште во првиот круг, што му беше оспорено од опозицијата и проблематично за набљудувачите од Организацијата на американските држави (OAS).
Моралес се кандидираше за четвртиот последователен мандат откако речиси 14 години беше боливиски претседател, а проблематично беше дали за малку повеќе од еден процентен поен го исполнил цензусот да има над 45 отсто од гласовите и 10 проценти разлика од вториот кандидат за да победи уште во првиот круг.