Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври годинава се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво и за 2 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба претходниот месец продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,8 отсто.
Во споредба со октомври 2012 година, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто, а пониски се во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто