![restoran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/restoran.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Зголемување на цените на угостителските услуги е забележано во групите Храна за 0,1 отсто и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за девет отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,1 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- ноември оваа година, во однос
на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,2 отсто, додека во однос на декември минатата година е зголемен за еден отсто.