![црна река](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/crna-reka.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка.
Единствено повисоко ниво на водата е измерено на реката Вардар кај Јегуновце и кај Скопје, на Пчиња кај Катлановска бања и на Црна Река кај Новаци.
Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со просекот за октомври.