Автомобил во кој покрај возачот имале уште пет лица се залетал во група луѓе на улица во германскиот град Минхен во средата, а полицијата верува дека станува збор за намерен напад.
Шесте лица од автомобилот потоа ја нападнале групата во којашто се залетале. Притоа повредени се три лица, но засега не е јасно дали од ударот на автомобилот или во подоцното кошкање.
„Неколку факти укажуваат на тоа дека луѓето инволвирани во овој инцидент се познаваат“, изјави портпарокот на минхенската полиција. Истакна дека нема знаци за натамошна опасност за населениет.
Напаѓачите успеале да побегнат, а полицијата ја блокирала целата област и почнала потера. Полициски хеликоптер попладнето ја надлетувал населбата Швабинг во баварската престолнина.