Наполи триумфираше во Верона, остана во трката за Европа со Милан

23 June 2020. ANSA/EMANUELE PENNACCHIO

Фудбалерите на Наполи во еден од најочекуваните дуело во вторничната програма од 27-то коло на италијанската Серија А славеа на гостувањето кај Верона со 2:0 и ги задржаа трите бода предбост пред Милан во трката за пласма во Европската лига.

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик го постигна водечкиот погодок за Наполи во 38 минута. На домашната Верона во 61 минита ѝ беше поништен погодок кој го постигна Фараони, бидејќи асистентот Закањи пред нафрлувањето во дриблингот топката ја повлекол со рака. Победата на наполитанците ја потвдри Мексиканецот Хирвинг Лозано во 90 минута.

Наполи ја задржа шестата позиција на табелата со 42 бодови, три бода пред Милан, додека Верона ја успушти можноста со победа на својот стадионот да ги мине и Милан и Наполи, сега е деветта со 38 бодови.

Во дуелот меѓу СПАЛ и Калјари госите дојдоа до победата во третата минута од судиското продолжение на самиот истек на мечот. Хрватото Марко Рог од триесетина метри испрати силен и прецизен удар, кој неговиот сонародник голманот на домашните Карло Летица со крајни напори успеа да го одбрами , но на одбиената топка прв натрча Жоао Педро, ја ифрли пред голот каде осамениот Џовани Симеонот со глава ја спроведе во мрежата.

Калјари со 35 бодови се проби на 10-то место, а СПАЛ на 11 кола до крајот на првенството има смо 18 бодови и е на претпоследнотео 19-то место.

Џенова на Горан Пандев забележа тежок домашен пораз од Парма од 1:4 во дуелот кој го одбележа хат-тиркот на Данецот Андреас Корнелиус, кој првиот погодок го постугна во 18 минута, во 33-та зголеми на 2:0 а „трилингот“ го комплетираше во 53 минута. Во 29 минута Џенова пропушти да израмни од пенал кој не го релизираше Крисчито, а во 59 минута при резултат веќе 0:3 малку надеж од белата точка донесе прецизниот Фалко. Но во 87 минута Македонецот со шведски пасош Дејан Кулешевски погоди за 4:1.

Во Торино единствениот погодок кој им донесе победа на домапните над Удинезе го постигна Белоти кој се проби по левата страна и од пет метри го матираше гостинскиот голман Муса.

Парма со 39 бодови се искачи на седмото место првото под линијата кој ги одделува клубовите кои следната сезона ќе играат во европкуповите или квалификациите за нив и заостанува три бода. Торино со 31 бод го замени Удинезе на 14-то место, а Џенова со 25 бодови е 17-та, на работ од испаѓање од Серија А, бидејќи 18-то Лече има ист број бодови.

Јувентус е во водство со 66 бодови, четири повеќе и меч повеќе од второпласираниот Лацио, а трет е Интер со 57 бодови, исто така, се натпреравар помалку.

Во среда Интер е домаќин на Саусоло, а Лацио ѝ гостива на Аталанта, додека Рома на „Олимпико“ ќе ја пречека Сампдорија.