Како во култната сцена од култниот филм, за култната ни борба, за култниот ни Тито, иако мостот срушен, водата надојдена, непријателот зад грб, се кренаа тифусарите и тргнаа преку Неретва… и се исподавија на запрепастеност на сите кои подзинато ги гледаа. Денес, штована публико, ја имате повторно истата сцена, која кај нас е игра на големо. Нашите политичари се определија за избори и покрај абнормално високота бројка на новозаразени и трчаат кон матната вода избори додека ние подзиното ги гледаме, со 3Д наочари и пуканки… не дечки, пливајте, само напред, тифусари наши.
„Нече среча поштеног човека“ – стара абориџинска
Не сме со таква среќа да не’ следи, па да наредниве избори да ни бидат надојдена Неретва, па да нашиве туфусари се подават еднаш засекогаш, не, ако некој наебе, повторно, тоа сме ние иделе ли на избори или не. Многумина ќе си речат, па не е е нормално да излезам кога заразеноста е толку голема, не одам! – е нормален и логичен заклучок, но токму тоа и некој го очекува од вас. Но веднаш те јаде црвот, чекај, ама комшијата мој, од контра-банда, колку е улав да навистина излезе на избори и направи пак неговите да победат? Гризе црвот … ма нема врска, после ќе викаме , ако нашите изгубат – ма не ги бива, дај друго дете.
Дечки, да се разбереме, како уплашен гласач, се што одбереш си во право, но она што ќе се случи е само твоја вина, нема да ти биде никој, ама никој друг, виновен. Секако дека една страна и тоа како сака ниска излезеност и колку што гледам аларамантните бројки на новозаразени се триплираат од ден на ден и никому брк не му мрда, оти за едноцифрена бројка воведовме три н карантина и #осталепичкесилепематерине, а сега, види генијалци, вирусот ослабел. Ај, океј, да речеме дека ослабел, од кај им таква констатација?
Јас имам една супер моќ – ај ем гуглмен. Се’ што ми е нејасно гуглам и пребарувам и сум ептен вешт во тоа. Копав ко мотовиран надничар на грчка плантажа на цицлеста распуштеница, но не најдов никакви светски било какви докази од ниедна лабораторија, институт или некоја друга валидна институција дека ферус ослабел, ја ене го, бабачко уште со истите џигерици. Ма, секако дека насекаде олабавија мерките, ама олку високи бројки… па, резултативе се ко НБА, а не како што би требало да бидат – како за локални, селски, фудбалски клубови, 0-0, 1-0, 1-1, 0-0 … ај, ај, ај, ова личи на италијанското ми калчо.
Во секој случај, овде драги мои се води битка ил „to be or not to be“ и навистина не знам какво е расположението кај гласачите, ќе излезат ли или не. Од сето тоа што и да прoизлезе, толку сме уцапани у септичка да и колкетивно раководство од Швјцарија ја преземе земјава нема да мрдне цела деценија. Ситуацијата кај нас е толку драматична, проблемот со економијата може да се спореди со гангрена која е дојдена до мадиња и прашање се само месеци до тешки амутации кои не чекаат.
„Китка ми вене – ку*от ми дреме“ – стара мексиканска…
…која првиот мачедонец, Ахил од Велгошти, ја донел откако се вратил од Пинта на Коломбо, кога ја откриле Америка, да станала наша насушна, везена со срма на галички ракави. Не можете бре, драги политичари, толку многу да ни го сјебете животот колку што ние можеме да не изреагираме, како не ви е јасно?
Улица? Ма, дали сте нормални? Дај да видам прво шо сендвичи ќе извајте, ако се оние од големине и ако имат сок и еурокрем, моит, доваџаме, еднуш и толку.
„Серизони сте?“ – Пајпер Пери кога и’ дошле петмина калеши на каучот
Наводно, во септември ќе се решавало Косово и било тркава збоградитоа, да сме имале влада стабилна (абе дај) оти ќе имало потреси во регионов. Можеби навистина е пресериозен период за нас, но кога ќе ми текне, какви дијареи преживеавме…! Даљинското е некаде во туѓи раце а ние сме одмна блутут учипени, така што и да заглави севкупна редовна и нередновна влада у карантин, ние 5 години без проеблем ќе функционисаме како и досега – лудозбунето -магарозмијски. Ни подобро ни полошо.
Но, што и да НЕ направиме, се што не’ чека, е само наше и од нас. НЕ – делувањето е само смирување на совест за да се избегне одговорност, но колку и да претате и тоа како сме одговорни, ние самите. Затоа, дајте малку муда од лабуда, исправате се и донесете одлука у животот и преземети одговорност за неа и не кукајте дека некој друг ви е крив. Само тоа е патот за излекување и мрдање напред. Оној кој ќе биде полуд и похрабар и… и ќе ја преплива надојдената Неретва – Иде Дунав. Останатите со прс у…
Автор: Јанко Илковски за НетПрес