Натанјаху го понуди премиерското место на крајната десница

Ден пред рокот за формирање на новата влада во Израел, премиерот Бенјамин Нетанјаху во понеделникот на челникот радикалната десница Нафтали ненер да ја извршува првата функција шеф на владата, во рамките на евентуалниот договор за ротација на власта.

Нетанјаху, кој до вторникот вечерта има време за составување коалиција, ги води последните преговори за да ја привлече целата крајна десница во владата што би му овозможило да се одржи на власт.

Неговата партија Ликуд доби 30 мандати во Кнесетот (израелскиот парламент) кој има 120 места на изборите кои се одржаа на 23-ти март, четвртите за помалку од две години, а потао ја доби поддршката од ултраортодоксните партии и сојузот на крајната десница, но не успеа да собере мнозинство од 61 мандат.

За да успее да се приближи на овој број, во понеделникот му предложи на Нафтали Бенет, негов поранешен соработник сега лидер на радикално десната партија Јамина, во првата година од новата влада да ја врши премиерската должност.

„Го повикувам Нафтали Бенет денеска да го потпише договорот за воспоставувае десна влада, со ротација по кја тој ќе ја води првата година, и да се обврзе дека нема да се приклучи на ниедна друга влада“, вели Нетајаху во видеото објавено на Facebook.

Но Бенет засега ја одби понудата и го обвини Нетанхају дека последните седмици се свртил против неговата партија.

„Офорете ја владата и ќе бидеме тука, ако е потребна помош“, порача Бенет.

Доколку Нетанјахи не успее да формира влада до вторник во 23,59 часот по локално вреем или де добие одложување на рокот во последен момент, претседателот Реувен Ривлин ќе мора да го даде мандатот за формирање влада на друг политичар.