НАТО го осуди нападот врз ЕУЛЕКС на Косово

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, изјави во неделата дека Алијансата им се придружува на своите сојузници и на Европската унија во острата осуда за нападот врз извидувачка патрола на ЕУЛЕКС во Косово.

„Секој таков напад е неприфатлив и одговорните мора да бидат повикани на одговорност“, напиша Лунгеску на Twitter.

Наведува дека мисијата на НАТО во Косово е „исклучително внимателна и целосно способна да го исполни својот мандат“.

„Ги повикуваме сите страни да избегнуваат провокативни акции и реторика и да придонесат за смиреност и стабилност“, напиша Лунгеску.

Главните патишта на северот на Косово од вчера се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени и за возила и за пешаци. Блокадите ги поставија Србите од северот од поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ