Научниците ја критикуваат новата студија за колепката на човештвото

Новата студија која сугерира дека човековите предци потекнуваат од специфична област во јужна Африка а не од источна Африка како што претходно се претпоставуваше, научниците во вторникот остро ја критикуваа.

„Оваа студија на ja сметам за потполно неодговорна и таа ме шокираше“, изјавила професорката Ребека Акерман од Институтот за истражување на еволуцијата на човекот (HERI) во Кејп Таун во Јужноафриканската Република.

Според неа, директорите во нејзиниот институт се согласле околу тоа дека генерализираните изјави изнесени во спорната студија врз основа на проучувањата на само мал дел од евролуцијата не одговараат на „неверојатно сложенаtа еволуција на нашиот вид“.

Студијата која ја водела професорката Ванеса Хејс од Институтот Гарван за медицински истражувања во Сиднеј, беше објавена во понеделникот во престижното научно списание Nature.

Заснована на митохондриските ДНК податоци од повеќе од 1.200 домародци од југот на Африка, новата студија наведува дека овој регион е колепката на човештвото. Научниците објавија дека проучувале промероци на крв од народот во Намибија Јужноафриканската РЕпублика и ја комбинирале со ДНК со културолошките и географски податоци а да покажат дека „првиот Homo Sapiens“ по мајчина линија се појавил во областа јужно од басенот на Големата река Замбези. Тоа ги вклучува северна Боцвана и делови од Намибија и од Зимбабве.

„Истражувањето е премногу несофистицирано, а во тимот немало ниеден антрополг или археолог“, тврди Акерман.

Критики за најновата студија изразиле и други научници, меѓу нив и Крис Стрингер од Природонаучниот музеј во Лондон.

Оваа студија „како и многу други кои се концентрираат само на мал дел од геномот или на еден регион или на еден дел од изработката на камено орадие или на еден ‘критичен’ фосил, не може да ја опфати целата сложеноста на мозаикот на нашето потекло, како кога во предвид да се земат сите други податоци“, напиша професорот Стрингер на Twitter.