НБА лига: Уште еден блесок на Дончич, Вестбрук десетти асистен во историјата

Приказна на изминатата вечер во НБА лига повторно беше одличниот словенечки кошаркар Лука Дончич, кој во победата на Далас Маверикс на против Детроит Пистонс постигна 53 поени со осум скокови и пет асистенции. Тоа беше негов четврти натпревар оваа сезона во кој постигна 50 или повеќе поени.

Пред Дончич, само уште двајца играчи во последните 50 години, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, го постигнаа тоа во нивните први пет сезони. Покрај словенечкиот кошаркар, единствениот играч на Далас кој постигна двоцифрен број поени против Пистонс беше Спенсер Динвиди, кој постигна 12 поени.

Детроит водеше со 11 поени разлика (74:63) во третата четвртина, но домаќинот се врати до крајот на делницата намалувајќи на 84:83, а во последната четвртина го сврте резултатот во своја полза.

Во гостинските редови најдобар беше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ кој за 36 минути постигна 29 поени. Богдановиќ шутираше 10/15 од поле, вклучително и 4/7 за „тројки“, додека пет од пет беше од линијата за слободни фрлања. Додаде и пет скока, две асистенции но и четири загубени топки.

Тоа беше десетти последователен натпревар за Богдановиќ во кој постигна најмалку 20 поени. Садик Беј додаде 18 поени со пет скока, додека Џејден Ајви постигна 14 поени.

Ова е 27-ма победа за Далас со 25 порази и моментално го држи шестото место на Западот, додека Детроит е на последното место на Истокот со скор 13-39.

Феникс Санс победија против Торонто Репторс од 114:106. Кај Санс најефикасни беа Микал Бриџис со 29 поени и шест асистенции и Деандре Ејтон со 22 поени и 13 скока. Кај Торонто, Фред Ванвлит постигна 24 поени со девет асистенции, а Гери Трент постигна 21 поен.

Феникс се седми на Западот со скор 27-25, а Торонто се на 12-ти позиција на Исток со 23 победи и 29 порази.

Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Расел Вестбрук, стана десетти играч на сите времиња во НБА, откако забележа 10 асистенции во поразот на Лејкерс од Бруклин Нетс со 104:121.

Вестбрук стаса до бројката од 8.972 асистенции, минувајќи го Гери Пејтон кој има 8.966 асистенции.

„Никогаш не сонував дека ќе бидам на оваа позиција. Да ми кажеше некој пред 15-20 години дека ќе бидам меѓу првите 10 во асистенции, ќе мислев дека е луд“, изјави 34-годишниот Вестбрук, кој најверојатно ќе до крајот на сезоната ќе го стаса и Азеа Томас кој е на деветтото место со 9.061 асистенција.

Тренерот на Лејкерс, Дарвин Хем, го пофали Вестбрук за асистенциите во соблекувалната по натпреварот и покрај поразот.

„Сите му ракоплескаа. Тоа е пеколен подвиг. Леброн ќе заврши со постигнување рекорд, а Рас само што влезе во топ 10 асистенции на сите времиња. Тие работи се одлични”, рече Хем.

Џон Стоктон (15.806) ги предводи Џејсон Кид (12.091) и Крис Пол (11.246) на врвот на листата на најдобри асистенции во историјата на НБА.

РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија 76ерс – Орландо Меџик 109:119
Бруклин Нетс – Лос Анџелес Лејкерс 121:104
Минесота Тимбервулфс – Сакраменто Кингс 111:118 (продолжение)
Оклахома Сити Тандер – Голден Стејт Вориорс 120:128
Сан Антонио Спарс – Вашингтон Визардс 106:127
Далас Маверикс – Детроит Пистонс 111:105
Феникс Санс – Торонто Репторс 114:106
Портланд Трејл Блејзерс – Атланта Хокс 129:125

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Бостон Селтикс 36 15 70,6
Милвоки Бакс 33 17 66,0
Филаделфија 76ерс 32 17 65.3
Бруклин Нетс 31 19 62,0
Кливленд Кавалирс 31 21 59,6
Мајами Хит 28 23 54,9
Њујорк Никс 27 24 52,9
Атланта Хокс 25 26 49,0
Вашингтон Визардс 24 26 48.0
Чикаго Булс 23 26 46,9
Индијана Пејсерс 24 28 46.2
Торонто Репторс 23 29 44.2
Орландо Меџик 20 31 39.2
Шарлот Хорнетс 15 36 29,4
Детроит Пистонс 13 39 25,0

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Денвер Нагетс 34 16 68,0
Мемфис Гризлис 32 18 64,0
Сакраменто Кингс 28 21 57.1
ЛА Клиперс 28 25 52,8
Голден Стејт Вориорс 26 24 52,0
Далас Маверикс 27 25 51,9
Феникс Санс 27 25 51,9
Њу Орлеанс Пеликанс 26 25 51,0
Минесота Тимбервулфс 27 26 50,9
Јута Џез 26 26 50.0
Оклахома Сити Тандер 24 26 48.0
Портланд Трејл Блејзерс 24 26 48.0
Лос Анџелес Лејкерс 23 28 45.1
Сан Антонио Спарс 14 37 27,5
Хјустон Рокетс 12 38 24.0