
Бојан Богдановиќ втор натпревар по ред постигна повеќе од 30 поени, но не можеше да го спречи поразот на Детроит Пистонс, со соодност на победи и порази (15-43) на гостувањето кај Торонто Репторс (27-31), кои победија со 119:118.
По седми пат оваа сезон, Богдановиќ постигна 30 или повеќе поени, но немаше доволно расположени соиграчи да го следат. Бојан имаше и пет скока, три асистенции и една блокада за 38 минути минати на паркетот. Алек Буркс постигна 21 поен за Детроит, а Џејден Ајви и Хамиду Диало по 18 поени и седум скока.
Најдобар играч на Репторс беше Фред ВанВлит со 35 поени и осум асистенции. Паскал Сијакам постигна 28, а Скоти Барнс 20 поени за победниците.
Во вториот натпревар во неделата, Бостон Селтикс (41-16) го победија Мемфис Гризлис (34-22) со 119?109 во својот „ТД Гарден“. Најдобриот тим во НБА сезонава стигна до 41-та победа, иако Џејсон Тејтум имаше лоша шутерска вечер со три поентирања од дури 16 обиди и дуелот го заврши со 16 поени. Сепак, дури осум играчи имаа двоцифрен учинок, предводени од Дерик Вајт со 23 поени и 10 асистенции и Сем Хаузер со 20 поени. Ал Хорфорд искомбинираше 16 поени, девет скока и пет асистенции.
Кај гостите најдобар беше Џа Морант со 25 поени, седум асистенции и шест скока, додека Дезмонд Бејн додаде 18 поени, седум асистенции и шест скока.