Трејси Кокс, познатата експертка за сексуални прашања вели дека бариерите кои се поврзани со оргазмот можат да се надминат. Таа советува што треба да правите во кревет за да достигнете оргазам.
Променете го својот став
Една од најголемите пречки за достигнување на оргазам е вашиот став спрема сексот. Мора да сфатите дека сексот и задоволството се нормални работи и дозволете си тоа да ве понесе.
Прифатете го фактот дека мора да учите за оргазмот
Речиси сите жени првиот оргазам го доживуваат при мастурбација, па ако го чекате г-дин совршен, ќе се начекате. Затоа купете неколку книги за оргазмот и истражете се, па отсртанете ги бариерите кои ги имате. Проучувајте се додека не стекнете поголема самодоверба .
Прифатете ја одговорноста за сопственото задоволство
Оргазмот никој не може да ви го пружи, вие сами мора да дојдете до него, така што ќе го насочите што треба да прават. Оргазам ќе доживеете кога и двајцата ќе знаете што сакате и што ви е потребно за него.
Променете го начинот на кој го набљудувате своето тело
Голем број на жени, во текот на сексот размилсуваат дека не се секси и дека партнерот ги гледа на тој начин. Но, ако не сте задоволни, започнете да вежбате, хранете се поздраво и купете нова гардероба. Ако се прифатите, сосредоточете се на добрите страни и ќе се сакате себе.
Не трудете се премногу
Треба да се сконцентрирате на задоволството и чувствата, а не да мислите на тоа дека морате да доживеете оргазам. Што повеќе мислите, толку сте понапнати и сте подалеку од оргазмот.