Не може да се завери нешто што не постои!

Интегрално соопштениее од Македонски Манифест:

Оваа ненародна геноцидна власт на чело со Заев, свесна е дека нема подршка од народот и ги губи изборите, па се служи со итрини, со цел да ги оттргне патриотите од избори. Нивни луѓе одродени измеќари, притаени како „патриоти“ повикуваат на бојкот со паролата: НЕ ИЗЛЕГУВАЈ НА ИЗБОРИ ЗА ДА НЕ УДРИШ ПЕЧАТ И НЕ ЈА ЗАВЕРИШ СЕВЕРНА МК. Ова е голема измама. Не може да се завери нешто што не постои. ЗАПОМНЕТЕ, СЕВЕРНА МК НЕ ПОСТОИ; ПОСТОИ САМО МАКЕДОНИЈА! Имено, на задолжителни-от Референдум од 8.09.1991 год, 95,6% од огромниот број излезени граѓани изгласаа име на државата МАКЕДОНИЈА. Оваа одлука сеуште е на сила. Таа неможе да се промени ниту со меѓународен договор, ниту со закон, па ниту со уставни измени спротивно на референдумската волја на граѓаните. Може да се промени само со друга референдумска одлука, но такво нешто нема. На Референдумот од 30.09.2018 год народот ја отфрли промената на името на државата. За тоа постои одлука на ДИК која е единствено надлежна да ги соопштува резултатите од референдумот. Според тоа, Преспанскиот договор, Законот за ратификација на овој договор и уставните измени се нелегални. Според домашното и меѓународното право тие се ништавни и не произведуваат правно дејство уште од нивното донесување. Со еден збор не постојат, а ние сеуште сме Македонија и Македонци. Но за тоа треба народна власт која ќе го потврди сето ова. Затоа на 15 јули сите до еден на избори да ја срушиме оваа ненародна власт. Нека не ве плаши пандемијава. Поголема пандемија од владата на СДС на чело со Заев и коалицијата нема! МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ