Не се поправа ситуацијата во Словенија, 184 новозаразани

Во Словенија во последните 24 часа со 2.775 направени тестови на коронавирусот потврдени се 184 нови случаи на инфекцијата, малку помалку од ден претходно, но епидемиолошката ситуација не се поправа, соопштија во саботата здравствените власти.

Во петокот во Словенија беа забележани рекордни 192 нови случаи на коронаинфекција со направени 3.645 тестови.

Во болниците моментално до Covid-19 се лекуваат 72 лица, 13 повеќе отколку во петокот, а од тоа 17 пациенти се на одделите за интензвина нега.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Словенија се потврдени 5.191 случаи на зараза, 146 луѓе починале а во моментов има 1.588 активни случаи на заразата, според новите податоци на словенечкото министерство за здравство.

„Епидемиолошката ситуација, за жал, не се поправа, нема пренос на вирусот од странство, доминираат локалните зарази“, соопшти на Twitter портпаролот на владата во епидемијата со Covid-19, Јелко Кацин.

Најави дека владата во понеделник би можела да донесе нова мерка за зауздување на епидемијата, веројатно забрана за собирање на луѓе во групи поголеми од осум лица.

Од новите коронаинфекции не се поштедени ниту здравствените установи, а последниот случај е во болницата во Јесенице на северозападот од земјата. Таму со короанвирусот се заразени пер пациенти кои при приемот во болницата немале симптоми на заразата, а од нив се заразиле и пет вработени. Поради овој случај затворени се две одделенија во болницата, а нејзините капацитети сега се дополнително ограничени.

Како што изјави за Словенечката телевизија, Алеш Розман, директор на една од болниците предвидени за прием на пациентите со Covid-19, имајќи ги предвид последните трендови во земјата, следните месеци Словенија следните месеци би можела да има и повеќе од 200 новозаразени на дневно ниво. Тоа би создало тешкотии за здравствените установи, а можно е и да го ограничи пристапот на другите болни на кои им се потребни операции или медицински третмани.

Покрај во образовните институции, домовите за стари лица и здравствените установи, вирусот се шири и во работните средини, па медиумите јавуваат дека повеќе од дваесет компании пријавиле дека меѓу вработените има заразени.

Словенечката влада повторно предупреди дека за безбедноста на работа во претпријатијата одговорни сопствениците и управата, дека е задолжителна препораката на Националниот институт за јавно здравје за мерење температура на вработение, и дека оние кои имаат симптоми на респираторни болести треба да останат дома.

„Многу работодавачи во услови на епидемијата го прилагодија процесот на производство, но многумина заборавија на можноста од пренос на вирусот преку додавање на предметите на трудот, а критичните места за пренос на заразите се и бањите, како и надворешните простории, каде вработените пушат во текот на паузата“, предупреди во изјава за медиумите директорката на Клиничкиот институт за медицина на трудот, Метода Додич Фикфак.