Не треба да се дозволи создавање на Република Српска во Косово, изјавил американскиот амбасадор во Приштина Трејси Ан Џејкобсон, пренесе електронското издание на српскиот весник „Политика“.
Џејкобсон ја коментираше победата на граѓанската иницијатива „Српска“ на локалните избори во девет општини во Косово. Според него тоа не претставува опасност за Косово.
„Сепак мислам дека секоја опасност треба да се минимизира преку разговори, но исто така треба да бидеме исклучително внимателни да не ни се создаде ситуација со некоја Република Српска“, изјавил американскиот амбасадор.