Неделен хороскоп (21-27.01.2019)

Што ни подготвија ѕвездите за оваа седмица…

ОВЕН

Љубов: Најпосле помеѓу вас и саканата личност ќе дојде до опуштеноста кон која тежнеевте. Ништо веќе нема да биде форсирано, а деновите спонтано ќе ви носат прилики за љубов. Вашето лично расположение ќе доаѓа и од другите подрачја во животот, сè ќе биде во ред.

Работа: Работата ќе ви изгледа се’ почудна. Сепак тоа е само од вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини да работите на духовниот мир, но ќе ви биде напорно. Затоа добро организирајте се. Духот го води телото, но на телото му треба и одмор.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, може да очекувате дека во текот на оваа седмица ќе бидете склони кон претерување со храна и дебелеење. Потрудете се околу ова да бидете малку подисциплинирани. Вежбајте јога.

БИК

Љубов: Оние што се во врска ќе гледаат да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе поставите уште некои мали правила и ќе поставите стабилни критериуми за меѓусебно однесување. Оние кои се се’ уште сами нема многу да излегуваат, но нема да им биде ни лошо.

Работа: Пред вас се предизвици на дипломатија и толеранција. Само со примена на такви вештини може да успеете. Самостојната работа или работењето по свое, сега не ви се добро поставени. Клучот за успех се наоѓа во соработката со другите околу себе.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, можни се чести главоболки, а подложни сте и на проблеми со видот. Чувствителни сте во текот на оваа седмица и важно е да посетите лекар ако забележите дека нешто ве мачи. Немојте да претерувате со храна и пијалоци.

БЛИЗНАЦИ

Љубов: Почнува фазата на интензивни излегувања и бројни прилики за љубов. Вашиот социјален живот одеднаш ќе заживее и ќе биде многу богат, па во прв момент може и да не се снајдете најдобро. Прифатете ги повиците, дотерајте се и излезете меѓу луѓе.

Работа: Пред вас е многу работа, а за тоа треба и многу енергија. Можеби понекогаш ќе ви недостасува инспирација или мотивација за сето тоа да го сработите. Затоа е важно да се концентрирате на подрачјата во кои што работите.

Здравје: На полето на здравјето можни се проблеми со циркулацијата, со отекување на нозете, проширени вени, како и тегоби поврзани со вишок на вода во организмот. Посетете лекар, отфрлете ги притисоците и наспијте се.

РАК

Љубов: Поголемиот дел од седмицата ќе ви помине мирно и сигурно. Од време на време ќе бидете опкружени со разни луѓе и вешто со нив ќе комуницирате. Оние кои се се’ уште сами лесно ќе наоѓаат нови лица, а некои и многу ќе им се допаднат. Сепак, ќе тежнеете кон врска без обврски.

Работа: Веројатно одлично ќе просперирате во услужните дејности. Некои од вас ќе досегнат решенија кои долго време биле невозможни. Ќе бидете задоволни и со материјалните достигнувања, но светот на идеите и понатаму ќе ви биде предизвик на кој нема да можете да му одолеете.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, може да очекувате состојбата да биде добра. Одлично сте расположени во текот на оваа седмица и подготвени сте за сите животни предизвици. Одлично се чувствувате. Следете ја интуицијата.

ЛАВ

Љубов: Шаренилото кое сега го живеете се одразува на вашите лични односи и тоа зависно од ситуацијата. Можете да бегате, да трпите, а може и иронично да се смеете. Вие веројатно ќе поминувате низ сите тие реакции, но вашата сила секогаш ќе биде присутна во се’.

Работа: Ќе се обидете да обновите некои стари контакти кои ветуваат. Тоа всушност ќе биде најдобриот дел од работната седмица. Се’ останато ќе ви биде малку досадно. Најдобро ќе им биде на оние што се на годишен одмор. Тие вистински, безгрижно ќе уживаат.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат проблеми со забите, непцата, па посоветувајте се со стоматолог. Можни се и проблеми со чувствителна кожа. Одете таму каде што ви е добро и опуштете се.

ДЕВИЦА

Љубов: Оваа седмица ќе биде обележана со малку повеќе страст и емоции. Постојано ќе ви се случува нешто пријатно и убаво. Многумина ќе ги запомнат овие денови по квалитетниот еротски живот. Личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве повикуваат во нивното друштво.

Работа: Можеби ќе мора уште малку да се помачите и да се борите за некои работи, но тоа нема да ви биде тешко. Само немојте да се препуштите на јалови разгледувања. Едноставно прифатете го она што можете сега да го направите и не очекувајте ништо повеќе од тоа.

Здравје: Кога е во прашање здравјето ќе бидете склони кон помали проблеми поврзани со колената и зглобовите. Добро би било во текот на оваа седмица да избегнувате алкохол. Трпение, спасение. Во секој поглед.

ВАГА

Љубов: Каде и да излезете ќе се чувствувате пријатно. Забавите ќе бидат по ваша мерка. Оние што се сами нека го прифатат секој повик, иако на почетокот не ветува. Набргу ќе сфатите дека убавиот збор ги отвора сите врати.

Работа: На повидок е напредување во кариерата, а тоа со себе носи и финансиска стабилност. Ви треба квалитетна организација како на плановите, така и на самиот оперативен дел на работата. Така сите ќе бидат во добивка, вие и соработниците.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат проблеми поврзани со метаболизмот, со слепото и дебелото црево. Исто така може да имате проблеми поврзани со крвотокот. Секој ден најдете половина час само за себе и својот мир.

СКОРПИЈА

Љубов: Овие денови ќе комбинирате два приватни стила, едниот е атрактивен и сензационален, со многу луѓе, а другиот е тивок, повлечен, обичен, секојдневен. Понекогаш ќе бидете ѕвезда на вечерта, а веќе другиот ден обичен човек од соседството. Срцето ќе ви биде малку „сиво“.

Работа: Ќе гледате што е можно подобро да ја искористите приликата која е пред вас. Некои поради тоа ќе работат прекувремено. Ќе има и такви кои ќе бидат повикани да се јават на работа и за време на викенд поради неодложен проект или за да ја спасат целата работа.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, ве очекуваат проблеми со хормоните. Женските припадници на овој знак би требало на време да се јават кај гинеколог поради редовна контрола. Ќе бидете храбри и борбени.

СТРЕЛЕЦ

Љубов: Во текот на наредните денови ќе влезете во некоја подискретна љубовна фаза. Потребата за повлекување ќе ви се засили. Оние кои се се’ уште сами нема да инсистираат на излегувања, додека тие што се во врска се’ повеќе време ќе поминуваат дома, во друштво на партнерот.

Работа: Ќе стигнат потребните информации и сега ќе можете да работите со полна пареа. Целата ситуација ќе стане видно појасна. Околностите ќе ви одат од рака, а правецот во кој ќе се развиваат вашите работи ќе биде се’ постабилен. Ќе бидете задоволни и мирни.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат проблеми со имунитетот, слаба крвна слика, анемија, малаксаност. Задолжително посетете лекар и посоветувајте се со него. Земете се’ што е потребно.

ЈАРЕЦ

Љубов: Како што ќе одминува седмицата, ќе забележите дека се’ подобро комуницирате со спротивниот пол. Покрај тоа, ќе бидете и одлични во преговорање. Во такви околности можете да придобиете многумина. Ако сте сами, излегувајте. Оние што се во врска ќе бидат добро.

Работа: Доаѓаат одговори кои долго сте ги чекале и сега ја продолжувате својата борба до крај, односно до конечна победа. Овие промени толку ќе ве преокупираат што понекогаш нема ништо друго да гледате. Она што ќе го постигнете на овој начин ќе биде стабилно.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, генерално добро се чувствувате и состојбата ви е стабилна. Не би требало да очекувате поголеми тегоби. Евентуално се можни помали проблеми со болки во долниот дел од грбот. Го истражувате и се’ подобро го разбирате духовниот свет.

ВОДОЛИЈА

Љубов: Ако сте се’ уште сами, малку подобро погледнете околу себе, со кого соработувате деловно. Еден повик на кафе може да ви донесе многу пријатно познанство, а подоцна можеби и нешто повеќе. Оние што се во врска ќе уживаат во обични работи.

Работа: Најпосле ќе ги добиете потребните информации врз основа на кои може да се проценат вашите заслуги. Некои ќе добијат пофалби, на повидок е и унапредување. Сега можете да работите уште повеќе и уште подобро. Свесни сте за своите вредности.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат проблеми со долниот дел од стомакот. Женските припадници на знакот може да имаат проблеми со јајниците и матката, па поведете сметка. Отидете на излет во природа и уживајте.

РИБИ

Љубов: Од ден во ден ќе се чувствувате се’ подобро во друштво на саканата личност. Некои од вас ќе ја обноват блискоста којa подолго време не ја почувствувале, други ќе отидат на убав излет заедно, а трети кои можеби се се’ уште сами, ќе почнат почесто да излегуваат и со повеќе надеж за љубов.

Работа: Ќе добиете нови насоки за работа. Тоа ќе биде нешто интересно и ќе има одредени трансформации. Со промените добро ќе се справувате. Ќе оддавате чувство на сигурност и стабилност. Важно е да се работи, запомнете го тоа.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, може да бидете склони кон настинки, вируси и грип. Можна е и кивавица. Време е да се потрудите да го зајакнете имунитетот. Одете во теретана, добро ќе ви дојде.