![porta vlae](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/porta-vlae.jpg?resize=694%2C388&ssl=1)
Вистинска драма се случувала на скопската локација Порта Влае, поточно на семафорите кај надвозникот „Влајко“. Засега непознати лица со друго возило го попречиле патот на автомобилот марка „голф 5“ и целосно го демолирале, пишува ПЛУСИНФО.
„Според зборовите на очевидците од местото на настанот, се сѐ случувало многу бргу, напаѓачите откако го сопреле возилото, излегле од нивниот автомобил и со палки во рацете почнале да удираат и ги искршиле сите стакла. Откако завршиле со нападот тие влегле во нивното возило и избегале. Патниците во ‘голфот’, според неофицијални информации, се здобиле со повреди, но засега не е познато од каков карактер. Веднаш по настанот била повикана полицијата која во моментов го обезбедува местото, каде што се случил нападот“, објави порталот.
Од Mинистерството за внатрешни работи за Плусинфо потврдија за настанот кој се случил во 18,14 часот кога лицата Д.Ч. (1999) и Д.Т. (1993) како возач во возило „голф“ пријавија дека биле физички нападнати поради недоразбирање во сообраќајот од три лица кои биле со „опел корса“ и кои почнале да удираат по возилото (скршено задното стакло, десното сувозачко стакло и предниот фар).
Оттаму додаваат дека на повредените лица им е укажана лекарска помош во „Свети Наум Охридски“, како и дека се работи на расчистување на случајот.