Пандемијата е повторно пред ескалација, имаме галопирачко ниво на заразени. Власта една година по ред прави систематски пропусти, и целосно ја промаши стратегијата за борба против ковид-19, вели Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ апелираше власта систематски да му пристапи на проблемот.Но, власта на СДСМ наместо на борбата против ковид- 19 се посветија на личните приоритети и пиар-от. Очигледно не знаат да менаџираат и прогласуваат полициски час од 22 до 5 часот кој е целосно непотребен и нема да смени ништо. Во Македонија ситуацијата е многу лоша затоа што власта доцни со сите мерки. Србија има вакцинирано 30 отсто од населението, а ние не сме ни почнале со вакцинација. Вакцини имаат и земјите од Африка, но нашата власт уште чека вакцини, па и циркус прави од целата ситуација. Срамота – вели Нелоска.
Таа додава дека ситуацијата во која не втурна власта е жалосна за целата држава. И наместо разум и одговорност, СДСМ организира попис. Според неа, СДСМ се коцка со целата држава и животот на цел македонски народ.