Нема активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден вкупно 14 пожари се регистрирани на отворен простор, коишто се изгаснати.

Изгаснати се пожарите во с. Злокуќани (запалена дива депонија), Арачиново, с.Грушино (стрниште и сува трева);
Општина Карпош (запалена дива депонија), Општина Дојран, с. Ѓопчели, површина 6 хектари (ниско стеблеста шума и прнар – даб) – пожарот е локализиран нема активно горење,
Општина Долнени помеѓу с. Ропотово и с. Пешталево (сува трева), Општина Кривогаштани (депонија) – во два наврата е опожарена и е интервенирано на депонијата,
Општина Лозово с. Павлешенци (дива депонија);
Општина Куманово, с. Речица месност „Аџи тепе“ (нискостеблеста шума и грмушки);
Општина Куманово, с. Пчиња – месност „Ристово трло’ (сува трева);
Општина Карбинци (Штип), с. Трогерци (стрниште),
Општина Долнени, с.Сарандиново (сува трева)
Општина Демир Хисар с. Сопотница (зафатен со пожар дел од куќа), информираат од ЦУК.