Нема веќе националистички баталјони во фабриката „Илич“ во Мариупол, тврди Русија

Фабриката „Илич“ во Мариупол е целосно ослободена од милитантите на националистичките баталјони, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

„Во градот Мариупол, група руски војници и единици на Народната милиција на Република Доњецк, како резултат на офанзивни дејствија, целосно ја ослободија челичарницата „Илич“ од украинските националисти“, рече генерал-мајорот.

Руските единици и силите на ДПР го опколија Мариупол на 7 март, а градот оттогаш е исчистен. Поголемиот дел од него е веќе ставен под контрола, судирите продолжуваат главно во областа на фабриката „Азовстал“, каде што се крие значителен дел од националистичкиот полк Азов, против чии борци се води истрага за кривично дело во Русија.