Нема веќе слободни места на Инфективното одделение во велешката болница

Во велешката Општа болница има вкупно хоспитализирани пациенти 71, од кои 61 потврдени позитивни, седум сомнителни и тројца со негативни тестови. Од нив 31 пациент се на кислородна поддршка, информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, пренесува ТВ21.

Бројот на пациенти варира, вчера биле 72, завчера 67, а на 4- ти декември биле 61 пациент.

На Инфективно одделение со 54 пациенти е полно, слободни места има на Физикално одделение кое е второ Ковид одделение каде моментално се сместени 13 пациенти, а има 25 кревети.

На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид моментално се сместени четворца пациенти, информира д-р Неделковска Николова.