Нема законска основа за разрешување на Стојко Пауновски

Нема законска основа во разрешувањето на Стојко Пауновски од директорската функција, тврди универзитетската професорка Ана Павловска Данева.

Пауновски, оценува таа, одбил да ја смени систематизацијата бидејќи не можел да им најде соодветни работни места на вработените по рамковен договор.

-Етичкиот кодекс никогаш не може да биде над законот, вели Даневаза Телма, предупредувајќи на политичките реперкусии кои може да следат од ваквиот потег на Владата.