Во налетот на ураганот Ирма најлошо минаа мали карипски острови, но и Куба претрпи огромни штети, и иако најлошото за оваа островска земја мина нејзините градови се поплавени а улиците полни со остатоци.
Според непотврдените информации, во силното невреме најмалку две лица ги загубиле животите на Куба.
Урагано Ирам го корнел стеблата од корените и носел покриви, со ветрови со брзини поголеми до 200 километри на час коишто ги оштетиле и луксузните хотели во најпознатите летувалишта на Куба.
Стотици илјади жители, вклучително и десетици илјади странски туристи беа евакуирани по должината на брегот и од пониските области на кубанската престолнина Хавана. Многу региони уште се без снабдување со електрична енергија, а отежнати се и услугите на мобилната телефонија.
Огромни штети им се нанесени на познатите плантажи на банани, шеќерна трска, на овоштарнците и на земјоделските стопанства.
https://www.youtube.com/watch?v=yVyfLrLfiC8
https://www.youtube.com/watch?v=le4yL0hTelI