Израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека очекува и голем дел од државите од Европската унија да го признаат Ерусалим за главен град на Израел.
Тој ја даде таа изјава во Брисел, пред состанокот со министри за надворешни работи на ЕУ и оцени дека таквиот чекор ќе придонесе за мирот на Блискиот исток.
Тој ги повика Палестинците да го признаат Израел како еврејска држава и да го прифатат Ерусалим за главен град.
Непосредно пред него, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини изјави дека Унијата ќе продолжи да го почитува „меѓународниот консензус“ во врска со Ерусалим.
Посетата на нетанјаху е прва посета на еден израелски премиер во ЕУ во последните 22 години.