Поради обилните врнежи од минатата ноќ во Србија причинета е штета на инфраструктурата во реонот на општините Горњи Милановац, Чачак и Пожега, јави дописникот на МИА од Белград.
Реката Каменица го оштети мостот во Богданица, го однесе патот на неколку домаќинства во Мршељи, кои во моментов се отсечени. Жителите од краишта околу Чачак велат дека се поплавени и куќите, а оштетени се неколку патишта.
Мостот на реката Чемерница, кој ги поврзува месните заедници Миоковци и Горња Горевница, е урнат и сообраќајот е во прекин.
Во регионот на Ужице, водостајот на надојдената река Ѓетиња опаѓа.
Поради огромните врнежи, реката Каменица се има излеано на повеќе локации, изјави за Нова.рс Братислав Зечевиќ од Цивилната заштита на Чачак.
Она што загрижува е предупредувањето на РХМЗ дека во наредните часови ќе наврнат 10 литри дожд на метар квадратен.
Поради синоќешните обилни дождови на Златибор, утринава околу пет и пол часот беше формиран пороен бран на Ѓетиње, кој околу 19 часот мина низ Ужице.
Пожарникарите од Ужице и Чајетина во текот на ноќта евакуирале 22 лица од апартманскиот комплекс „Златиборска језера“, на патот за Семегњево.