
Царинската управа при контролата изминативе денови откри неправилности во работењето кај четири угостителски објекти – незаконска продажба на алкохол во скопски локали.
Локали незаконски продавале алкохол
При контролата во 4 угостителски објекти на територијата на Град Скопје е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци.
Притоа, привремено се задржани 37,5 литри ракија и околу 16 литри други жестоки алкохолни пијалоци за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност, се вели во соопштението.
Продолжуваат контролите
Од Управата информираат дека контролите на акцизните добра продолжуваат и понатаму, а се со цел поголема заштита на здравјето на граѓаните, како и соодветн наплата на пропишаната акциза.
Имено, наплатената акциза од алкохолни пијалоци во првите 6 месеци од 2015 година е за 18% повисока во однос на истиот период во 2014 година и за 23% повисока во однос на 2013 година.
На подрачјето на Скопје, но и во другите градови и во претходните извршени контроли од страна на Царинската управа беа откриени повеќе угостителски објекти кои вршат незаконска продажба на алкохол.