Премиерот, Зоран Заев, денеска ги демантираше информациите дека владејачката партија СДСМ им ветила на жителите на Арачиново дека ќе бидат вработени 300 пилоти од оваа општина. Премиерот појасни дека станува збор за фејк њуз, односно лажна вест, и дека СДСМ всушност ветиле 300 пилот проекти, кои, додаде тој, се во процес на реализација.
-Сме ветиле работи за кои постоја пилот проекти и ја доживуваат сега својата имплементација. 300 пилоти не сме ветиле, ниту државата има потреба од толку, ниту имаме таков ресурс, а не пак, Општина Арачиново. Со должна почит, има сериозни капацитети во Арачиново за сите профили на дејности, но за 300 пилоти нема ни во мое Муртино, ни во Арачиново, ниту во Скопје – рече Заев