Никој не посакува Трета светска војна, порача Пекинг

Никој не посакува почеток на третата светска војна, сите страни мора да покажат воздржаност околу кризата во Украина и да спречат ширење на конфликтот, изјави во вторникот на брифинг за новинарите портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, откако во понеделникот вечерта шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди на закана од трета светска и нуклеарна војна.

„Не постои некој којшто би сакал избувнување на трета светска војна. Ние се надеваме дека сите релавантни страни ќе останат смирени и воздржани, нема да дозволат ситуацијата да ескалира и што поскоро ќе се постигне мир“, рече Ванг.

Истакна дека во сегашната ситуација сите страни, пред сѐ, мора да го одржуваат дијалогот и преговорите за да се спречи ширење и продолжување на конфликтот.

Русија настојува да ги отстрани заканите од нуклеарна војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервију објавени во понеделникот вечерта и предипреди дека заканата од избувнување Трета светска војна е „сериозна“ и „стварна“.

„Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војан и покрај големите ризици во овој момент. Не сакам тие ризици вештачки да се зголемуваат. Многумина би сакале“, изјави Лавров во итнервјуто за руската телевизија.

Во контекстот на тензиите без преседан меѓу Русија и Западот кои ескалираа по руската офанзива во Украина, Лавров предупредидека „Опасноста е сериозна, стварна. И не смееме да ја потцениме“/

Додаде дека Москва ќе ги продолжи мировните преговори со Киев и оти судирот ќе заврши со договорт, но оти неговата содржина ќе зависи од воената ситуација.

„Добрата волја има свои граници. Ако не е двострана, не придонесува на преговарачкиот процес“, изјави Лавров.

Шефот на руската дипломатија го обвини украинскиот претседател Владимир Зеленски, поранешен комичар, дека „се претвора“ дека преговара.

„Тој е добар глумец (…), ако внимателно гледата и читате што зборува, ќе забележите илјади контрадикторности“, рече Лавров.