Сељак е национална дисциплина на личности кои се полуедуцирани и мислат дека од нив започнал животниот век и они се замислуваат како господари на среќата, а не разбираат дека се „идиотите на злото“.
Дали на Македонија и’ требаа провокатори кои се со „сељачки“ наратив, а се претставуваат кандидати за претседател како што е Бујар Османи?
Овој лик во контекст на неговите опозиционери дека не разбира која функција ја извршува, можам да го замислам како „Момок“ кој се бори за своите права во рамките на неговата партија. При тоа додека глуми голем патриот не кажува како за локални избори се плаче кај „Ага Али Ахмети“ дека си попил шамари од некого во „Комуне те Чаир“. Ама затоа многу сака од доктор да биде портпарол, па министер… и да одлучува за судбината на Македонците и нивните релации со сите соседи и братски народи.
Јас го разбирам нашиов „сељак“ дека има потреба од внимание и дека е супериорен по однос на неговите потрчковци коалициони партнери од СДСМ, ама има една работа која не ја разбира. Ние Македонците кога е во прашање Босна и Херцеговина и нејзините три народи (редослед по попис на население): Бошњаци, Срби и Хрвати, сме премногу внимателни. А, сето тоа благодарение на Киро Глигоров за кого во Босна и Херцеговина секогаш има посебно место во нивните срца. Посебно за нивната војна во која загинаа повеќе од 100.000 граѓани од сите националности.
Ќе сме биле коспонзори за Сребреница? Никој не ги знае точните жртви колку се од почетокот на војната до нејзиниот крај. Пред Србите да ја нападнат Сребреница, џунглашко дивјачките орди на војската на Бошњаците имаат убиено 3.000 недолжни граѓани од српска националност. И тоа на најѕверски начин, како во средниот век, за да зачувале муниција итн. Одмзадата на Србите е неоправдана, но мора да биде разбрана целата војна за да може Македонија како држава да влезе во авантура која се вика: Поради „сељакот“ Бујар Османи да се скараме со три братски народи, а сите до смрт се со нас Македонците: Бошњаци што први им признавме нација и јазик, Срби што се откажале од нашата Вардарска Македонија и ни дале сами да направиме држава и Хрватите кои кога ќе кажеш дека си од Македонија и во бежоративен стил и нозете да ти ги измијат и водата да ја испијат.
Затоа нашиот за жал „сељак“ Бујар Османи мора да се вразуми и да разбере дека не секоја Дудинка се бере. Еден ден ќе заврши министерскиот мандат, ама тогаш Македонците нема да бидат тука за да добие само два шамари. Затоа министре чувај фризурата шо ми личи ко перика со налепници и ластичиња!
Никола Младенов и три приказни врзани за него
Приказна број 1.
Далечните деведестетти години кога СДСМ дозволуваше да има само еден медиум, неделникот „Дело“, па подоцна и „Фокус“, се препелка сериозно со информации другарот Боби Илиевски, да оној истиот што распалуе по социјални мрежи.
Другарот Боби поради натписи за сериозен бизнисмен во „Фокус“, цели три месеци е пратен од тепачи по автобуси, плоштади, дискотеки и т.н. и му е демек наредено да престане со натписите. Но, тој не престанува. Никола Младенов е брутално претепан. Тепачите не ги нарачуваат ниту Зоре Темелковски, ниту пак Зоран Азманов. Дадени ли се тогашни 25.000 марки за реклами во неделникот „Фокус“, а Виктор Грозданов и Боби Илиевски знаат од кого се? Кога Виктор Грозданов ја слуша тепачката страна, после многу години му велат: К** до крај и душа у рај не идат заедно, синко.
Приказна бр.2 и веднаш поврзана со Приказна бр.3
Сопругата на Никола Младенов најемотивно соопшти во емисија пред Јадранка Костова водител во „една т.н. Телевизија“, но во исто време висок финкционер во неделникот „Фокус“, дека Никола Младенов загинал во тешка сообраќајна несреќа. Однапред се извинувам на целата фамилија Младенов, но …
Идиотите политичари и тогашните сеуште актуелни аналитичари демек експерти, како што е Мирјана Најачевска (поранешен испрдок на ЛДП за кандидат за Градоначалник на Скопје) соопштуваа и денес соопштуваат дека Никола Младенов е убиен. За ваков тип конспирации мора еднаш засекогаш лажните испрдок експерти за 25 евра да посетат соодветни психо-психотропно-идеолошко пропаднати институции исто како што самите они и сличните на нив се пропаднати.
Овие т.н. експерти и ѓубрињата новинарски, кои се приклучија на целата приказна и покрај сознанијата дека е сообраќајка: Со огромно жалење потврдувам дека во неколку ДБК новинарски кругови се има инсталирано приказна во времето на владеење на Зоран Заев дека неговиот роден брат Вице и подарил на Билјана сопругата на Никола Младенов два милиони евра. И имам само едно прашање. Дали е возможно да сте ѕверови кои немате заби за да гризете, а да целата глупава политичка елита да Ви поверува и да ја доизлажете сопствената нација?
Погибијата на Никола Младенов во тој момент сакаа до крај да ја изнесат на македонската јавност две личности најавтентично, и уште две кои нема да ги соопштам само поради нив. Првите се Зоран Димитровски –Жоро и Томче Кежаровски-Кежо.
Во краток расказ. Младенов гине. Жоро и Кежо дознаваат. Тргнуваат во новинарска потрага без да зборат. Стигаат на местотото на несреќата. Кежо како најслаб се втурнува во жбуновите и ги наоѓа сите патарини кај што бил Младенов. Полицијата ревносно дознава и се втурнува во редакцијата, која во тој момент има видео камери.
По неколку автентични текстови на Зоран Димитровски-Жоро, поврзани со погибијата на Младенов, благодарејќи не само на корумпирани до срж новинари, туку новинари криминалци од најдолен ранг со подвлечени реченици со црвен фломастер демек Жоро ја продал каузата на криминалциве барајќи ја правдата за Младенов, е ликвидиран како мала бубашваба пред умивалник. Жоро ова ми го соопштува во ресторан „5“-ка.
И ден денес ми е жал за Никола Младенов, за неговите деца, за сопругата, за сите измислени приказни дека е убиен, ама жал ми е и за сите политичари и нивните деца споменати во разговорите демек учествувале во убиството.
Многу лично до сопругата на Никола Младенов
Автентично ти пренесувам дека потврдата за изговорот за присуствотото на твојот сопруг со одредена личност политичка е исклучиво од машка природа да го заштити Никола Младенов: „Да, беше со мене и после отиде“. Личноста е кандидат за висока политичка функција и е потврдено дека заедно со Мартин, Никола, Сашо, Миле, Горде и други, нема апсолутно никаква врска со жалната смрт на Никола Младенов.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес