Николоски: Кандидатот на СДСМ за Аеродром е осудуван за нанесување тешки телесни повреди на лице кое било на раб да го загуби животот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на општина Аеродром истакна дека кандидатот на СДСМ за Аеродром е лице осудувано за нанесување тешки телесни повреди на лице кое било на раб да го загуби животот.

– Тимчо Муцунски е исклучително квалитетно решение кое ќе ги промени работите во општина Аеродром, затоа што СДСМ веќе потврди дека општина Аеродром не ја водеше добро со самото тоа што решија актуелниот градоначалник да не го кандидираат за втор мандат а нели доколку некој работи добро нормално е да добие шанса за втор мандат, практично признаа дека лошо ја водеа општината во изминативе четири години, а ја водеа лошо затоа што во општина Аеродром не се инвестираше во ништо освен во скапи чешми и во сомнителни набавки. Таков кандидат кандидираат и сега односно имаме континуитет на лошите политики на СДСМ, кандидатот на СДСМ е лице кое што е осудувано за напад со тешки физички повреди, имено истиот има пресуда и од Основен и од Апелационен суд за напад врз друго лице за што е осуден на две години условна казна со една година ефективна казна, заради тоа што нанел тешки телесни повреди на друго лице. Од она што ние го имаме како сознание се работи за еден тежок инцидент во кој што другото лице било на раб и да го загуби животот. Таков човек кандидира СДСМ и Зоран Заев тука во Аеродром, истакна Николоски.