Уште еден европскки пораз, доживува Македонија која станува „слепо црево“ на Балканот, реагираше во петокот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по инфрормациите дека соседна Србија добива мултимилионски грант од Европската унија за железничко поврзвување со Бугарија, што според него претставува заобиколување на Македонија на коридорот од крајниот југ на континентот до централна Европа и за што ја обвинува „неспособната“ актуелна власт на СДСМ и ДУИ на анот
„Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата . Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци.
Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира.
Денеска Србија на која сѐ уште ѝ се потсмеваат дека е анти-европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга Ниш – Димитровград – граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина – Солун – Будимпешта – Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив.
Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ“, пишува Николоски.