Николоски: На Заев никогаш нема да му ја простам промената на името, тоа предавство ќе му тежи цел живот

Лично на Зоран Заев никогаш не би му простил и нема да му простам за промената на името, вели Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашното гостување на битолската телевизија „Тера ТВ“.

Тој исто така истакна дека ќе имаме повеќе адути на престојните избори, како што се постојаните проблеми на граѓаните, затоа што мора да ги опфатиме реалните теми, луѓето мора да живеат подобро, но има некои работи коишто остануваат за цел живот , и за генерации и таа дамка Заев ќе ја носи цел живот и тоа предавство ќе му стои со генерации, вели Николоски.