Николоски: Сега е доцна за финансирање преку кредитирање, пари нема, а и оние кои ги има се „скапи“ пари

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека кризата предизвикана од коронавирусот нема да го погоди само приватниот сектор туку и администрацијата, бидејќи преку даноците кои ги плаќа приватниот сектор се финансира јавната админситрација.

-Знаете и за администрацијата е прашање. Знаете зошто? Затоа што администрацијата зема пари од стопанството. Значи оној кој што оди и работи во фабрика заработува плата за себе и за администрацијата. Ако фабриката не плаќа во буџетот не може да се дадат плати и во администрацијата, вели Николоски.

Во однос на тоа како ќе се финансира државата во услови на криза и намален број на даночни обрзници кои го полнат буџетот се разговараше и за финансирањето преку кредитирање. Сепак Николоски истакна дека сега веќе е доцна бидејќи се помалку има пари на светскиот пазар за кредитирање, особено за мали држави како нашата. Тој посочува дека пари нема, но и оние кои ги има се скапи.

-Во однос на позајмувањето времето помина. Ние апелиравме во февруар да има позајмување кога парите беа народски кажано ефтини. Односно каматите беа најниски. Сега затоа што фалат пари на светско ниво и Македонија е мал муштерија, а големи муштерии се Германија, Франција, САД, Велика Британија, за малите муштерии нема пари или се многу скапи. И затоа што сега парите или ги нема, или се многу скапи Македонија не може да се позајми и како што гледате министерството не може да ја реализира прво планираната операција „bridge to bond“. Односно да поедноставам, да земат пари од домашните банки денес, за месец дена да земат од странските банки, да ги вратат во домашните банки и тоа да им остане како долготрајно задолжување од странските банки. Но не успеа да го направат тоа затоа што нема пари, многу едноставно е, посочи тој.