Николоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка од сите опозициски партии

За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка од сите опозциски партии. Катастрофа е и она што го видовме или обоид кој заврши криминално за набавка на вакцини. Потоа смртноста е меѓу највисоките во светот. Тоа се причини зошто мислиме дека треба да замине Филппче, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

„Видовме и колегите на Заев и Филипче како не го почитуваат здравјето на граѓаните, и тоа вториот и третиот човек во владата. Едниот е во Мексико другиот во Дубари“, рече Николоски.

Според него сето ова е добра причина Филипче да замине.

„Очекувам претседателот на Собранието да ги стави сите три интерпелации и онаа за Николовски и Маричиќ, а и оваа за Филипче затоа што оваа последната треба затоа што неговата неспособност значи изгубени животи“, рече Николоски.