Игор Николов, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 говореше за стратегијата која ја презема Владата во врска со корона вирусот при што посочи дека од самиот старт владата не превзема сериозен пристап во врска со овој вирус.
„Резултатот на овие драконски мерки и нивното спроведување беа резултат како она што беше почетокот на првите случаи кои се јавија од корона во земјата односно сфаќањата дека нема да има голема епидемија или несериозниот пристап на стартот односно враќањето на дијаспората во земјата без да биде доволно информирана, насочена каде и што треба да прави, кои сипмтоми треба да ги очекува, доколку има симптоми каде треба да се јави и зошто. На стартот едно лабаво однесување не доведе до друг резултат односно не доведе до резултат на едни драконски мерки кои ги спроведуваме во моментот“, појасни Николов.
Николов во своето гостувањего во врска со целата ситуација за корона вирусот истакна:
„На 12-ти март сите лекари дерматовенеролозите се најдоа во изолација од едно несоодветно однесување и тука се разбуди алармот дека се сочуваме со нешто несериозно кое што може да го блокира и да го закочи здравствениот систем. Дерматовенеролозите беа во изолација 14 дена, од нив 6 позитивни. Претходно имавме жариште кое беше во Дебар и тоа жариште на почетокот се решаваше ноншалантно се додека не се испрати еден тим и екипа. За разлика од Дебар во Куманово и Прилеп не се спроведоа сличните мерки иако опозицијата бараше подолго време на тоа, а последните 10 дена бараше и градоначалникот на Куманово. Она што се случува на Клиниката за инфектологија практично најголемиот број кој што доаѓаат или 50 проценти од пациентите доаѓаат од Куманово, останатите 50 проценти се од Прилеп“.
„Ризикот секогаш постои и е многу голем за здравствениот пероснал заради тоа се и апелите да се превземат максимални мерки за заштита на здравстениот персонал. На почетокот и сами бевте сведоци и сведоци сме до социјалните медиуми, здравствените работници апелираа за помош, опрема, бараа соодветна заштита, а тоа и понатаму продолжува. Иако секојдневно сме убедувани дека состојбата е добра сепак колегите со кои што комуницирам на дневна основа кажуваат дека станува збор за не баш таква сотојба каква што се прикажува“, додаде Николов.